Дали сте знаеле дека скијањето во Тетово, а со тоа и во цела Македонија, се појавило пред сто години? Се појавило овде, на Шар Планина, во време кога скиите биле рачно изработувани од дрво, кога према Шапка немало патишта и кога првите скијачи пешачеле со часови само за да се спуштат по нејзините падини. А сепак, тоа не ги запрело.
Во 1925 година е формирано Планинарско-туристичкото друштво „Љуботен" во Тетово, кое започнало да организира заеднички искачувања, односно, во првите години, излети на Шар Планина, а целта била спортување, рекреација, развој на овој вид туризам, дружење и поттикнување на членството да ги запознава убавините и разновидните предели на Шар Планина. Планинарењето и скијањето, тесно поврзани, во тој период биле неодвоиви. Првите планинари стануваат и први скијачи. Веќе од 1926 година започнувале првите спуштања со скии (рачно изработувани), кои се одвивале низ улиците на Тетово, Тетовското Кале, Гајранска ливада и на реонот над Тетовското Теќе. На 3 март 1926 година, Душан Кривокапиќ и Станислав Ферлан, од Црна Гора и Хрватска, го направиле првото спуштање со скии од врвот Љуботен на Шар Планина.
Прв кој завршил официјална обука за скијање во Тетово бил Брат Цоне Аврамовски. Обуката ја завршил во Словенија и, по неговото враќање, во рамките на планинарското друштво „Љуботен", во 1929 година се формирала скијачка секција. Брат Цоне, кој ја совладал техниката за скијање, ја пренел и на останатите членови на друштвото, кои и претходно се скијале. Така се формирала екипа на луѓе кои денес се пионерите на скијањето во Македонија. Тоа се: Никола Николовски – Коларот, Диме Јовановски – Флејта, Александар Исаески – Мошо, браќата Лешковски, Кочо Богојевиќ, Нуриман Велиу, Слободан Ѓорѓевиќ, Жика Миљковиќ и основачот и првиот претседател на планинарското друштво „Љуботен", Орестије Крстиќ.
Сите наведени лица, на почетокот на триесеттите години, биле сè поактивни во планинарењето и во скијањето. Активни биле во друштвото, а биле и учесници во изградбата на првите планинарски домови во Македонија – на Љуботен во 1931 година и на Попова Шапка во 1934 година. Првиот официјален скијачки натпревар во Македонија се случил во февруари 1934 година, а веќе во 1938 година голем дел од наведените членови завршиле обука за инструктори по скијање. Шар Планина си има свои приказни и оваа е една од најубавите.
Флејта
Меѓу тие скијачи, денес ви раскажуваме за Диме Јовановски, познат и под прекарот „Флејта". Скијањето му идело од ракав, со голем ентузијазам го учел, а потоа ги предавал своите вештини на помладите, учествувал во изработка на дрвени скии и работел активно во подигнувањето на првата жичара на Попова Шапка. И тоа било огромен зафат. Замислете, десетици и десетици луѓе ги носеле сајлите нагоре затоа што биле многу тешки. Животот му бил фокусиран на планината и скијањето, кое како спорт се развива уште повеќе со воспоставувањето на легендарниот Шарпланински куп, еден од најважните меѓународни спортски настани во Македонија. Пехарот на победниците лично им го врачувал тој, а истиот пехар и денес стои во просториите на планинарскиот клуб „Љуботен" во Тетово.
На 31 јануари 1954 година, група од 16 планинари од Тетово и Скопје тргнала кон највисокиот врв на Шар Планина, тогаш наречен Турчин, со цел да ја понесат Титовата штафета од самиот врв, во знак на единство и напредок на тогашната земја. На патот кон врвот, на потегот меѓу Вакуф и Бакардан, групата ненадејно ја зафатила лавина, без можност за бегство. По часови на напорно копање во длабок снег и борба со невремето, десетмина биле спасени живи, но Диме Јовановски „Флејта", на 45 години, и Иван Хаџизафиров „Чанак", на 34 години, останале под снегот. Потрагата траела со денови, исполнета со болка, а двајцата биле пронајдени дури на 11 февруари, на ден кога, велат оние кои биле таму, Шара ја греело необично тивко и силно сонце, како да се простувала од Димета и Ивана.
Двајцата останаа симбол на сè она убаво во планинарството и скијањето, на пријателството, пожртвуваноста и љубовта кон природата и заедницата. По нив останале клубскиот натпревар и пехарот „Флејта, Чанак", уметничките дела на Попова Шапка, бројни документи и фотографии во архивата на клубот „Љуботен" и, за нас, името на клубот кое со посебна чест го носиме.
Клубот
На 29 декември 1961 година, спортските дејци Бранко Хаџи Иљоски „Чајка", Христофор Тодоров „Форко" и група скијачки ентузијасти од Тетово го основале Скијачкиот, или како тогаш што се кажувало, смучарски клуб „Диме Флејта" во чест на легендарниот скијач. Почнувајќи со само 9 ученици-скијачи, нивната визија била скијањето да стигне до што повеќе деца на Шара, Тетовско и пошироко, а секое дете да се води според духот на олимпизмот и љубовта кон природата. По дваесетина години, низ школата на Попова Шапка годишно поминувале по 150 деца, а во еден период од само три сезони, вкупно 2.097 млади скијачи ги направиле своите први чекори на снег токму во оваа школа, на стариот ски лифт покрај старото детско одморалиште на Попова Шапка.
По долга пауза од неколку децении, клубот е повторно отворен на 20 јуни 2025 година, во година што се поистоветува со роденденот и 100 годишнината од основањето на ПК Љуботен, воедно и првата сезона од отворањето на старото детско одморалиште на Попова Шапка. Клубот е отворен со безрезервна поддршка на ќерките на Диме Флејта, госпоѓите Добрила и Дивна, нивното пошироко семејство, ПК Љуботен и семејството Петровски. Клубот е веднаш регистриран во Централниот регистар на Република Македонија, поседува Решение за вршење дејност спорт од Министерството за спорт и е дел од Скијачката Федерација на Македонија. Клубот има вклучено договор и соработува со Ски центарот Попова Шапка, во своите редови има дипломирани професори по физичко и здравствено образование од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како и поранешни репрезентативци и прваци во алпските дисциплини на скијањето и други спортови.
Сезоната 2025/2026 беше прекрасна, исполнета со снег, труд и убави моменти. Во само еден месец од активни тренинзи, клубот зачлени повеќе од 30 деца, а меѓу првите членови се и правнуците на самиот Флејта, со што приказната добива еден убав, полн круг. На 31.01.2026 година, клубот заедно со Скијачката Федерација на Македонија, успешно организираше натпревар од Алпскиот куп за деца во националниот систем на натпревари на државата, на кој учествуваа над 80 млади скијачи од повеќе клубови од земјата и од странство. Нашите деца учествуваа и на ФИС натпревари надвор од Македонија, при што освоија 3. место на ФИС натпреварот „Горски куп" на Копаоник, носејќи го името на клубот и надвор од државните граници. Таму каде што ни недостасуваше искуство, надополнивме со голема желба и многу работа. Знаеме дека пред нас стојат уште многу предизвици, но почетокот е направен. И тој почеток е поубав отколку што се надевавме.
Did you know that skiing in Tetovo — and with it in all of Macedonia — began a hundred years ago? It began here, on the Šar Mountains, at a time when skis were handmade from wood, when there were no roads to Šapka, and when the first skiers walked for hours just to descend its slopes. And yet, none of that stopped them.
In 1925, the Mountaineering and Tourist Club "Ljuboten" was founded in Tetovo. It began organising joint ascents — in the early years, essentially excursions on the Šar Mountains — with the aims of sport, recreation, the development of mountain tourism, fellowship, and encouraging its members to explore the beauty and varied landscapes of the range. Mountaineering and skiing, closely linked, were inseparable in that period. The first mountaineers became the first skiers. From 1926 onwards, the earliest descents on handmade skis were taking place along the streets of Tetovo, on the Tetovo Kale id est the Tetovo Fortress, Gajranska livada, and on the slopes above the Tetovo Tekje. On 3 March 1926, Dušan Krivokапić and Stanislav Ferlan, from Montenegro and Croatia respectively, made the first ski descent from the peak of Ljuboten on the Šar Mountains.
The first person to complete formal ski training in Tetovo was Brat Cone Avramovski. He completed his instructor training in Slovenia and, upon his return, a skiing section was established within the Mountaineering Club "Ljuboten" in 1929. Brat Cone, having mastered the ski techniques, passed them on to the other members, who had already been skiing informally. This is how a group came together who are today regarded as the pioneers of skiing in Macedonia: Nikola Nikolovski – Kolarot, Dime Jovanovski – Flejta, Aleksandar Isaeski – Mošo, the Leškovski brothers, Koço Bogoević, Nuriman Veliu, Slobodan Đorđević, Žika Miljković, and the founder and first president of "Ljuboten", Orestije Krstić.
Throughout the early 1930s, all of these individuals became increasingly active in both mountaineering and skiing. They contributed to the club and took part in the construction of the first mountain lodges in Macedonia — on Ljuboten in 1931 and on Popova Šapka in 1934. The first official ski competition in Macedonia was held in February 1934, and by 1938 a large number of these same members had completed instructor training in skiing. The Šar Mountains have their own stories, and this is one of the most beautiful.
Flejta
Among those skiers, we tell the story of Dime Jovanovski, known by his nickname "Flejta". Skiing came naturally to him; he took it up with great enthusiasm and later passed his skills on to younger generations. He took part in making wooden skis and worked actively on the construction of the first cable car on Popova Šapka — an enormous undertaking. Dozens and dozens of people carried the heavy cables up the mountain by hand. His life centred on the mountain and on skiing, a sport that grew further still with the establishment of the legendary Šar Mountain Cup, one of the most important international sporting events in Macedonia. It was Flejta who personally presented the trophy to the winners, and that same trophy still stands today in the premises of the mountaineering club "Ljuboten" in Tetovo.
On 31 January 1954, a group of 16 mountaineers from Tetovo and Skopje set out towards the highest peak of the Šar Mountains, then known as Turčin, with the aim of carrying Tito's relay baton from the summit as a sign of unity and progress of the country at the time. On the way to the peak, between Vakuf and Bakardan, the group was suddenly struck by an avalanche, with no possibility of escape. After an exhausting digging through deep snow and battling the storm, ten people were rescued alive, but Dime Jovanovski "Flejta", aged 45, and Ivan Hadžizafirov "Čanak", aged 34, remained under the snow. The search for them lasted for days, filled with grief, and both were found only on 11 February, on a day when, say those who were there, Šara was lit by an unusually calm and powerful sun, as if the mountain were taking its leave of Dime and Ivan.
The two remained symbols of everything beautiful in mountaineering and skiing, of friendship, self-sacrifice, and love for nature and community. What was left behind is the club competition and trophy "Flejta, Čanak", the works of art on Popova Šapka, numerous documents and photographs in the archive of "Ljuboten", and, for us, the name of the club that we carry with particular pride.
The Club
On 29 December 1961, the sports figures Branko Hadži Iljoški "Čajka" and Hristofor Todorov "Forko", together with a group of skiing enthusiasts from Tetovo, founded what was then called the "Smučarski" id est ski club "Dime Flejta", in honour of the legendary skier. Starting with just 9 young skiers, their vision was for skiing to reach as many children from Šara, the Tetovo region, and beyond as possible, with each child guided by the spirit of Olympism and a love of nature. Within two decades, the school on Popova Šapka was welcoming 150 children per year, and in one period spanning just three seasons, a total of 2,097 young skiers took their first steps on snow in that school, on the old ski lift beside the old children's resort on Popova Šapka.
After a long pause of several decades, the club was reopened on 20 June 2025, in a year that coincides with the centenary of the founding of the Mountaineering Club "Ljuboten", and also with the first season following the reopening of the old children's resort on Popova Šapka. The club reopened with the wholehearted support of Dime Flejta's daughters, Mrs Dobrila and Mrs Divna, their wider family, the Mountaineering Club Ljuboten, and the Petrovski family. It was immediately registered in the Central Register of the Republic of Macedonia, holds a Decision for sports activity from the Ministry of Sport, and is a member of the Ski Federation of Macedonia. The club has a formal agreement with Ski Centre Popova Šapka and counts among its ranks qualified professors of physical and health education from the University "Ss. Cyril and Methodius" in Skopje, as well as former national team members and champions in alpine skiing disciplines and other sports.
The 2025/2026 season was wonderful, filled with snow, hard work, and beautiful moments. In just one month of active training, the club welcomed more than 30 children, among the first members are the great-grandchildren of Flejta himself, bringing this story full circle. On 31 January 2026, the club, together with the Ski Federation of Macedonia, successfully organised a round of the Alpine Cup for Children within the national competition system, attended by over 80 young skiers from multiple clubs at home and abroad. Our children also competed in FIS races outside Macedonia, winning 3rd place at the FIS "Gorki Cup" on Kopaonik and carrying the club's name beyond national borders. Where we lacked experience, we made up for it with great desire and hard work. We know many challenges still lie ahead, but the beginning has been made, and it is more beautiful than we dared hope.
A e dinit që skijimi në Tetovë — dhe me të edhe në të gjithë Maqedoninë — filloi para njëqind vjetësh? Filloi këtu, në Malin Sharr, në kohë kur skitë ishin punuar me dorë nga druri, kur nuk kishte rrugë drejt Shapkës dhe kur skijatorët e parë ecnin me orë të tëra vetëm për të zbritur nga shpatet e saj. E megjithatë, kjo nuk i ndaloi.
Në vitin 1925 u themelua Shoqëria Alpino-Turistike "Ljuboten" në Tetovë, e cila filloi të organizojë ngjitje të përbashkëta — në vitet e para, në thelb, shëtitje në Malin Sharr — me qëllime të sportit, rekreacionit, zhvillimit të turizmit malor, miqësisë dhe nxitjes së anëtarëve që të njihnin bukuritë dhe peizazhet e ndryshme të maleve. Alpinizmi dhe skijimi, të lidhura ngushtë, ishin të pandara në atë periudhë. Alpinistët e parë bëheshin edhe skijatorët e parë. Që nga viti 1926, zbritjet e para me ski të punuara me dorë kryheshin nëpër rrugët e Tetovës, te Kalaja e Tetovës, te Livadha e Gajranit dhe në zonën mbi Teqen e Tetovës. Më 3 mars 1926, Dušan Krivokапić dhe Stanislav Ferlan, nga Mali i Zi dhe Kroacia, kryen zbritjen e parë me ski nga maja e Ljubotenit në Malin Sharr.
I pari që kreu trajnim zyrtar për ski në Tetovë ishte Vëllai Cone Avramovski. Ai u trajnua në Slloveni dhe, pas kthimit të tij, brenda shoqërisë "Ljuboten" u formua seksioni i skijimit në vitin 1929. Vëllai Cone, pasi zotëroi teknikën e skijimit, ua transmetoi atë edhe anëtarëve të tjerë të shoqërisë, të cilët kishin skijuar edhe më parë në mënyrë joformale. Kështu u formua një grup njerëzish që sot konsiderohen pionierë të skijimit në Maqedoni: Nikola Nikolovski – Kolarot, Dime Jovanovski – Flejta, Aleksandar Isaeski – Mošo, vëllezërit Leškovski, Koço Bogoević, Nuriman Veliu, Slobodan Đorđević, Žika Miljković dhe themeluesi e kryetari i parë i shoqërisë "Ljuboten", Orestije Krstić.
Gjatë fillimit të viteve tridhjetë, të gjithë këta persona u bënë gjithnjë e më aktivë në alpinizëm dhe skiim. Kontribuan në shoqëri dhe morën pjesë në ndërtimin e kabanave të para malore në Maqedoni — në Ljuboten në vitin 1931 dhe në Popova Shapka në vitin 1934. Gara e parë zyrtare e skijimit në Maqedoni u mbajt në shkurt të vitit 1934, dhe deri në vitin 1938 një numër i madh i këtyre anëtarëve kishin përfunduar trajnimin për instruktorë skijimi. Mali Sharr ka historitë e veta, dhe kjo është një nga më të bukurat.
Flejta
Ndër ata skijatorë, sot tregojmë historinë e Dime Jovanovit, të njohur me nofkën "Flejta". Skijimi i vinte nga natyra; e mësoi me entuziazëm të madh dhe pastaj ua kaloi aftësitë brezit të ri. Mori pjesë në prodhimin e skive prej druri dhe punoi aktivisht në ngritjen e teleferikut të parë në Popova Shapka — një ndërmarrje e madhe. Dhjetëra njerëz i bartën kabllot e rënda lart për maleve me dorë. Jeta e tij u përqendrua te mali dhe skijimi, sport që u zhvillua edhe më tej me krijimin e legjendares Kupë të Malit Sharr, një nga ngjarjet sportive ndërkombëtare më të rëndësishme në Maqedoni. Pikërisht Flejta ia dorëzonte trofeun fituesve personalisht, dhe ai trofeu i njëjtë qëndron edhe sot në ambientet e klubit malor "Ljuboten" në Tetovë.
Më 31 janar 1954, një grup prej 16 alpinistësh nga Tetova dhe Shkupi u nis drejt majës më të lartë të Malit Sharr, atëherë të njohur si Turçin, me qëllim që të bartnin stafetën e Titos nga vetë maja, si shenjë uniteti dhe përparimi të vendit të asaj kohe. Në rrugën drejt majës, midis Vakufit dhe Bakarданit, grupi u godit papritur nga një ortek, pa asnjë mundësi arratisje. Pas orësh gërmimi të mundimshëm në borë të thellë dhe beteje me stuhinë, dhjetë veta u shpëtuan të gjallë, por Dime Jovanovski "Flejta", 45 vjeç, dhe Ivan Hadžizafirov "Çanak", 34 vjeç, mbetën nën borë. Kërkimi zgjati ditë të tëra, të mbushura me dhimbje, dhe të dy u gjetën vetëm më 11 shkurt, në një ditë kur, thonë ata që ishin atje, Sharri shkëlqente me një diell jashtëzakonisht të qetë dhe të fuqishëm, sikur mali po i lamtumirohej Dimes dhe Ivanit.
Të dy mbetën simbol i gjithçkaje të bukur në alpinizëm dhe skiim — i miqësisë, i vetëflijimit dhe i dashurisë ndaj natyrës dhe komunitetit. Pas tyre mbetën gara dhe trofeu i klubit "Flejta, Çanak", veprat artistike në Popova Shapka, dokumente dhe fotografi të shumta në arkivin e "Ljubotenit" dhe, për ne, emri i klubit që e mbajmë me krenari të veçantë.
Klubi
Më 29 dhjetor 1961, figurat sportive Branko Hadži Iljoški "Çajka" dhe Hristofor Todorov "Forko", bashkë me një grup entuziastësh të skijimit nga Tetova, themeluan atë që atëherë quhej klubi "smučarski" — ski — "Dime Flejta", në nder të skijatorit legjendar. Duke filluar me vetëm 9 skijatorë të rinj, vizioni i tyre ishte që skijimi të arrinte tek sa më shumë fëmijë nga Sharri, rrethi i Tetovës dhe më gjerë, ku çdo fëmijë të udhëhiqej nga shpirti i olimpizmit dhe dashuria ndaj natyrës. Brenda dy dekadave, shkolla në Popova Shapka priste 150 fëmijë në vit, dhe në një periudhë prej vetëm tre sezonash, gjithsej 2.097 skijatorë të rinj i bënë hapat e tyre të parë në borë në atë shkollë, te lyfti i vjetër i skive pranë resortin e vjetër të fëmijëve në Popova Shapka.
Pas një pushimi të gjatë prej disa dekadash, klubi u rihap më 20 qershor 2025, në një vit që përkoin me njëqindvjetorin e themelimit të PK Ljuboten, si dhe me sezonin e parë pas rihapjes së resortin të vjetër të fëmijëve në Popova Shapka. Klubi u rihap me mbështetjen e plotë të bijave të Dime Flejtës, zonjave Dobrila dhe Divna, familjes së tyre të gjerë, PK Ljuboten dhe familjes Petrovski. Ai u regjistrua menjëherë në Regjistrin Qendror të Republikës së Maqedonisë, zotëron Vendim për veprimtari sportive nga Ministria e Sportit dhe është anëtar i Federatës Ski të Maqedonisë. Klubi ka marrëveshje formale me Qendrën Ski Popova Shapka dhe në radhët e tij ka profesorë të diplomuar të edukimit fizik dhe shëndetësor nga Universiteti "Shën Kirili dhe Metodi" në Shkup, si dhe ish-anëtarë të ekipit kombëtar dhe kampionë në disiplinat alpine të skijimit dhe sporte të tjera.
Sezoni 2025/2026 ishte i mrekullueshëm, i mbushur me borë, punë dhe momente të bukura. Brenda vetëm një muaji trajnimi aktiv, klubi priti mbi 30 fëmijë — ndër anëtarët e parë janë edhe stërnipërit e vetë Flejtës, duke i dhënë kësaj historie një rreth të bukur e të plotë. Më 31 janar 2026, klubi, bashkë me Federatën Ski të Maqedonisë, organizoi me sukses një raund të Kupës Alpine për Fëmijë në sistemin kombëtar të garave, ku morën pjesë mbi 80 skijatorë të rinj nga klube të shumta vendase dhe të huaja. Fëmijët tanë morën pjesë edhe në gara FIS jashtë Maqedonisë, duke fituar vendin e 3-të në garën FIS "Gorki Kup" në Kopaonik dhe duke bartur emrin e klubit përtej kufijve. Ku na mungoi përvoja, e plotësuam me dëshirë të madhe dhe shumë punë. E dimë që shumë sfida na presin akoma, por fillimi është bërë — dhe ai fillim është më i bukur nga sa guxuam të shpresojmë.